Греење

Тимот на TermalComfort е специјализиран за воспоставување на комплетни системи за греење.
Ви овозможуваме да ја постигнете идеалната температура во вашиот дом, во зимните периоди, со затоплување кое ќе ги опфати сите ваши простории.

 

Радијаторско

При уредувањето на домот често се случува да биде променет целокупниот мебел, боите, да бидат купени нови теписи и завеси, а дури на крај да се забележи дека старите радијатори не се вклопуваат во сликата на новиот амбиент. Исто така, многумина не знаат дека, од технички аспект, старите радијатори трошат повеќе енергија и дека им е потребно подолго време да се загреат.

Подно

Багодарејќи на овремените радијатори температурата во просториите можеме брзо да ја регулираме. Површинското греење пак нуди константна температурата и многу пријатна температура во просториите и според тоа потрошувачката на енергенсите е минимална.

Тие што ќе се одлучат при реновирање или изградба на новиот дом за "комбинирано решение", т.е. за комбинација од повеќе технички решенија кога е во прашање греењето на сопствениот дом, ќе направат вистински чекор кој во иднина ќе им донесе заштеда на пари. Подното греење е особено погодно за искористување на енергијата.

Ѕидно

Ѕидното греење е незабележително и пред сè пријатно. Тоа го знаеле и старите Римјани кај кои тоа било тренд уште пред 2000 години. Во последните 10 години "топлината од ѕидовите" доживува вистинска ренесанса.

Радијаторите кои на многу луѓе им бодат очи, кај ѕидното греење едноставно ги нема. Топлината се добива на вообичаен начин преку топлински котел или пумпа, но водата од централното греење на површината на ѕидот има едвај 85ºC, што е доволно за константно изедначена температура во просториите.

Таванско

За објекти во кои нашите стандардни производи не може да ги задоволат барањата на корисниците изработуваме и монтираме панелно греење во специјални изведби. Досегашното искуство покажува дека со панелното греење може да се изведат многу флексибилни системи кои се вклопуваат во различни простори. Панелното греење е погодно и за примена во објекти во кои има опасност од пожар или експлозија затоа што панелите не содржат делови кои со својата работа може да генерираат електрични искри. Дополнително, самите панели може да се изведат со доволно ниска работна температура која нема да предизвика пожар или експлозија.